СТАРТУВА „АЈС ФЕСТИВАЛ 2019“: ВИКЕНДОВ ВО СКОПЈЕ МЕЃУНАРОДЕН ХОКЕЈ ТУРНИР!

На лизгалиштето во спортскито центар „Борис Трајковски“ од утре па до недела ќе се одржи седмото издание на традиционалниот турнир во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“, на кое освен кокеарите на Вардар, македонски претставници ќе бидат и Македонија јуниори, селекција составена од младински играчи.

На лизгалиштето при „А1 Арена Борис Трајковски“ ќе учествуваат уште и екипите на Торпедо Букурешт (Романија) и меѓународниот тим, „Тим Интернешнл“. Во неговиот состав ќе се најдат играчи од цела Европа како и од Северна Америка, кои се љубители на хокејот и воедно сакат да ја запознаат македонската престолнина. Играчите беа повикани преку јавен повик и така за прв пат на турнирот ќе учествува екипа која е создадена од играчи од различни држави и континенти, додека екипата на Торпедо од Букурешт веќе трета година по ред гостува на Скопје Ајс Фестивал.

Традиционалниот турнир се отвора утре од 18.30 часот, а ќе го отворат екипите на Македонија Јуниори и Интернешнл, по што во 20.30 часот, силите ќе ги одмерат тимовите на Вардар и Торпедо.

В сабота тимовите на Македонија и Букурешт ќе го започнат овој натпреварувачки ден (8.30 ч.), а веднаш потоа тимовите на Вардар со Интернешнл ќе ги одмерат силите (10.30 ч.). Третото коло ќе се игра исто така в сабота, од 15.30 ч. со натпреварот Букурешт против Интернешнл и во 17.30 часот со дуелот меѓу домаќините Македонија и Вардар ќе се финишира пласманот за финалните мечеви

Завршницата е предвидена за недела, со натпреварите за трето место во 8.30 часот и финалниот меч од 10.30 часот, по што ќе се затвори седмото издание на Скопје Ајс Фестивал.

Извор: Спорт1



Слични Објави