СТЕЈТ ДИПАРТМЕНТОТ СО ПОФАЛБА ЗА МАКЕДОНИЈА

///

Македонија денеска од американскиот Стејт департмент доби благодарност поради одговорноста која ја покажа кон своите државјани заробени во Сирија од Сириските демократски сили, а дејствувале како борци на страната на Исламска држава.

„Македонија дава важен пример за меѓународната заедница кој треба да го следат сите членови на Коалицијата за уништување на ИД“ изјави портпарол на Стејт департментот.

Според резолуциите на Советот за безбедност на ОН 2396 од 2017 и 2178 од 2014, странските терористички борци претставуваат заеднички безбедносен предизвик кој бара колективна одговорност од меѓународната заедница.

„Критично е да постои меѓународна соработка за справување со заканата од странските терористички борци заробени од Сириските демократски сили. Одговорноста за тие поединци кои заминале за Сирија и се придружиле на ИД е критична во справување со оваа закана,“ изјавија од Стејт департментот.



Министерство за внатрешни работи на Македонија, вчера соопшти дека привеле седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во конфликтите во Сирија и Ирак. Тие биле приведени во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за уништување на ИСИЛ и Сириските демократски сили. По македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, е распишана меѓународна потерница и според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија против нив се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ од август 2015 година и „Ќелија 2“  од јули 2016, соопшти МВР.

Извор: МИА



Претходна статија

ГЕЈТ 4 : МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА И Е ОВДЕ

Следна статија

ПРВ ФЕСТИВАЛ НА СВЕТЛОСНА УМЕТНОСТ ВО СКОПЈЕ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да