СТЕРЛИНГ СУСПЕНДИРАН ОД АНГЛИЈА ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ГОМЕЗ

Рахим Стерлинг нема да биде во составот на Англија за натпреварот против Црна Гора по шокантниот инцидент со Џо Гомез за време на синоќешниот тренинг.

Крилниот напаѓач на Манчестер сити имал жестока расправија со фудбалерот на Ливерпул, Џо Гомез и тоа откако двајцата уште во неделата влегоа во „клинч“ за време на дербито на „Енфилд роуд“.

„Можеме да потврдиме дека Рахим Стерлинг нема да биде во составот на Англија за дуелот со Црна Гора во четврток во рамки на квалификациите за Еуро 2020, поради инцидент во приватниот простор на ‘Сент Џорџ Парк’. Тој ќе остане со репрезентацијата, но нема да игра“, беше соопштението на Фудбалската асоцијација на Англија.

Извор: Спорт1

Слични Објави