СТРАШНО! НА КОМШИИТЕ ДУРИ ИМ СМЕТА СМЕАТА НА ДЕТЕ СО АУТИЗАМ
Ирена Николовска Ристановска е психолог во основното училиште с. Жван – Демир Хисар и претседател на здружението на психолози „Рилука“, Битола. Таа е и сопруга и мајка на осумгодишниот Лука и четиригодишната Јована. Поради потребите на Лука кој има аутизам, а во состојба на самоизолација и забрана за движење во Битола, тие цел месец престојувале во прилепското село Ерековци кај родителите на Ирена. Но само што се вратиле во својот дом во Битола, почнала тортурата на нивните соседи кои живеат на спрат подолу во истата зграда, проблем со кој ова семејство живее речиси година ипол, јавува порталот Мајка и дете.
„Ова е една од нашите многубројни борби, која долго ја водиме, а јас сум веќе немоќна и уморна, не сум во можност да го чекам резултатот кој не знам дали воошто ќе дојде. Пред два дена, после месец дена се вративме во Битола. Децата беа среќни затоа што сме повторно во својот дом и веднаш се адаптираа. Но, следниот ден наминаа кај нас моите родители кои имале обврска во Битола и ќе си одеа на село. Лука се смееше со татко ми, среќен затоа што е повторно заедно со дедо, кога одеднаш некој почна силно да тропа на врата, толку силно што цела врата се тресеше… Веднаш знаев, ним им пречи и смеата на Лука…Немавме можност да отвориме врата бидеќи децата не сакаа да се поместат од пред вратата, само почнаа хаотично и преплашено да трчаат низ дневна. Веднаш повикав полиција. Првпат откако трае оваа голгота, соседите излегоа да разговараат со полицијата.
Целиот напис прочитајте го овде.