СТУДИЈА: Заштитата на Фајзер и АстраЗенека против делта сојот се намалува во рок од три месеци

/

Здравствена студија во Велика Британија покажала дека заштитата која да пружаат вакцините Фајзер и АстраЗенека опаѓа кога се работи за доминантниот делта сој на Ковид-19, во рок од три месеци.

Утврдено е дека лицата кои заболеле откако примиле две дози вакцина може да претставуваат поголем ризик по останатите лица во однос на претходните варијанти на Ковид-19.

Студијата на Универзитетот Оксфорд, засновата на над три милиони примероци земени од нос и грло ширум Британија, покажале дека 90 дена по примена втора доза Фајзер или АстраЗенека вакцина, нивната ефикасност во спречување на инфекцијата опаѓа на 75 проценти, односно 61 процент.

Во период од две недели по втората доза, тие проценти изнесуваат 85 проценти и 68 проценти. Падот на ефикасноста на вакцината е најизразен кај лицата постари од 35 години, отколку кај младите.



-Двете вакцини во две дози и натаму се многу ефикасни против делта мутацијата. Кога ќе почнете со големо, многу големо ниво на антитела пред вас е долг пат, изјавила Сара Волкер, професорка по медицинска статистика на Оксфорд и водич на истражувањето за Фајзер вакцината.

Научниците не можеле да прогнозираат колку заштитата со тек на време ќе слабее, но сугерираат дека ефикасноста на двете вакцини ќе се изедначи во рок од четири до пет месеци.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Пополнети капацитетите на Инфективната клиника

Следна статија

УТРОВО СТАПИЈА НА СИЛА НОВИТЕ МЕРКИ ВО ГРЦИЈА – ова мора да го имате на ум доколку планирате одмор таму!

Најново од Вести