| |

Судењето за „Поткуп“ одложено за 26 февруари

Уште едно одложување на рочиште за случајот „Поткуп“ каде премиерот Зоран Заев е обвинет дека како  градоначалник на Струмица бара поткуп од бизнисмен. Неможноста на јавниот обвинител да присуствува на денешното рочиште е причина за одложување на судењето. Следното рочиште е закажано за 26 февруари.

Во Основниот суд Скопје 1 на Заев му се суди по обвинение дека како градоначалник на Општина Струмица од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра.



Слични Објави