| |

Судењето за случајот „Тендери“ почна, првообвинета е Канческа Милевска

Судењето за предметот „Тендери“ на СЈО во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска почна во Кривичниот суд. Канческа Милеска се товари за злоупотреби со тендерот за изведување на градежните работи во Музејот на ВМРО, како дел од проектот „Скопје 2014“. Обвинети во случајот се и членови на Комисијата за јавни набавки. Според СЈО, дел од вработените во Министерството за култура не работеле по правилникот и ја злоупотребиле службената положба, фаворизирајќи фирма за изградба на Музејот на ВМРО. Адвокатот Сашо Дуковски рече дека не постои вина кај обвинетите и не увидел во обвинението дека има некаква штета.

Слични Објави