| |

СУДЕЊЕТО ЗА „ТАРГЕТ“-„ТВРДИНА“ Е ОДЛОЖЕНО ЗА 19 ЈУНИ

Денешното рочиште за предметот „Таргет – Тврдина“ на СЈО е одложено за 19 јуни, бидејќи ќе се чека одлуката на Врховниот суд во Атина по барањето за екстрадиција на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски, која треба да биде објавена на 18 мај.

Причина за одложувањето на постапката беше екстрадицијата на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошкоски која е во фаза на одлучување во Врховниот суд на Грција, во Атина и конечната одлука за нив треба да биде објавена на 18 мај. Судијката Џанета Бектовиќ рече дека судот одлучил оти најцелисходно е да се причека одлуката за двајцата обвинети од Грција од која ќе зависи текот на судењето.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Слични Објави