Судењето за „Топлик“ одложено за 8 март

Веродостојноста на вештачењето за изградбата на Сончев град во Сопиште во случајот „Топлик” го одложи судскиот процес во кој му се суди на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште петмина обвинети.

Адвокатите пред почетокот на главната расправа побара изземање на вештачењето на доказна документација изработена од СЈО, бидејќи вештото лице во моментов е директор на Агенцијата за катастар на недвижности, а неговата ќерка работи во СЈО. Според нив вештачењето е пристрасно.

Обвинителите од СЈО сметаат дека барањето на одбраната е неосновано, поради што побараа судот да не го прифати приговорот.



Судијата Осман Шабани рече дека Судечкиот совет ќе одлучи дополнително за барањето на одбраната и оти за одлуката, односно за тоа дали ќе биде прифатено ова вештачење или ќе биде назначен нов вештак странките ќе ја добијат на писмено известување.

Претходна статија

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче се сретна со амбасадорот на Израел

Следна статија

СДСМ: Мерката „Маалски полицаец“ ја зголемува безбедноста на граѓаните и ја враќа довербата во полицијата

Најново од Разно