Набил Фекир летово ќе го напушти Лион. Овој 25- годишен фудбалер цела кариера ја помина во редовите на овој француски тим, а според последните информации ќе стане нов член на европскиот шампион Ливерпул.
„Црвените“ тргнаа по Фекир, а Лион за трансферот ќе инкасира 50 милиони евра. Минатиот месец претседателот на Лион, Жан Мишел – Ола кажа дека ова лето ќе прифати една од понудите за напаѓачот.
„Благодарни сме му на Ферир за се што направи за клубот, но имаме договор со него и мораме да го пуштиме да си оди“, изјави Ола.
Извор: Спорт1