Супер лесни, супер пријатни домашни маски за лице
Убавата и сјајна кожа е показател на здравјето. Кожата треба да биде негувана однадвор и одвнатре. Денес ќе ви претставиме неколку маски за лице кои што можете да си ги направите сами дома:
Маска со краставица – за сува кожа
Мала краставица изрендајте ја на ситно, измешајте ја со 1 чаша овес и 1 лажица јогурт. Нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 30 минути. Исплакнете со топла вода.
Маска со мед – за сите типови на кожа
На влажна кожа се нанесува слој мед. Оставете да делува 5 минути. Исплакнете добро со топла, а потоа и со ладна вода.
Маска со јогурт – за мрсна кожа
Измешајте ½ чаша јогурт со 1 лажица квасец. Се нанесува на лицето со кружни масажни движења и се остава да делува 5 минути. Исплакнете со топла вода.
Маска со банана – против брчки
Изгмечете зрела банана па нанесете на кожата фин слој и оставете да делува 10 минути. Исплакнете со топла вода.
Маска со овес -за мрсна кожа
Измешајте 2 лажици овес со 1 лажица сода бикарбона додете малку вода, за да се добие паста. Нанесете ја оваа маска со масажни кружни движења на влажна кожа. Исплакнете со топла вода.
Маска со лимонов сок – за сите типови на кожа
Сокот од ½ лимон измешајте го со 1 белка. Нанесете тенок слој на лицето и оставете да дејствува додека маската не почне да се суши. Измијте со топла вода.
Маска со јогурт и банана – за сува кожа
¼ банана се меша со ½ чаша јогурт и 1 лажица мед. Се нанесува на лицето, се остава да делува 10 минути и се плакне со млака вода.
Маска од краставица – за сите типови на кожа
Изрендајте 1 краставица на ситно и измешајте ја со 1 лажица шеќер. Нанесете ја маската со масажни кружни движења и оставете да делува 10 минути. Исплакнете со ладна вода. (Може да се употреби и на лактите и колената.)
Чистење – „тоник“ со грозје – за сите типови на кожа
Земете неколку зрна од грозје и пресечете ги на половина. Со внатрешноста нежно истријте ја кожата. Не правете го тоа во околуочната зона. Исплакнете со ладна вода.