Светски музеи се обидуваат да ја рехабилитираат уметноста создадена од жени

/

Каде е местото на жените во музеите, прашува Франс прес во свој коментар. Жената долго време била нечија муза или нечијa сопруга. Лека-полека доаѓа време за реванш.

Сепак, изложбата на Фрида Кало или Луиз Буржоа не го надополнува заборавеното. 87 проценти од делата изложени во 18-те најголеми американски музеи се од мажи, додека 85 проценти од тие уметници од посилниот пол се белци. Ова се резултатите од студија спроведена во 2019-та година од научната издавачка куќа „Плос“.

Британската историчарка Кејти Хасел вели дека сите музеи денес се внимателни во однос на еднаквоста и дека има сѐ повеќе самостојни изложби на жени. Галеријата „Тејт“ во Лондон има годишна програма посветена на женските уметници. Сепак, понежниот пол не е добро застапен во аукциските куќи. Историските продажби организирани од „Кристис“ и „Сотбис“ пријавија рекордни цени на дела создадени од мажи.

Според Поли Стејпл, директор на колекцијата „Бритиш арт“, Тејт има долгогодишна посветеност во прикажување на уметноста создадена од жени, вклучително и како место во постојаните колекции. Од своја страна, Кралската академија за уметности за прв пат во 2023 година ќе прикаже перформанса на жена – Марина Абрамович.

Во 2020 година, музејот „Прадо“ во Мадрид претстави изложба посветена на местото на жената во уметноста. Карлос Наваро, кој е одговорен за изложбата, изјави за АФП дека идеологијата и пропагандата сведочат за историска мизогинија.

Во Лувр се изложени дела од само 25 жени. Вкупниот број на уметници е 3600. Овој дисбаланс се објаснува со историските карактеристики од антиката до 1848-та година.

Во 2019-та година, Музејот „Орсе“ посвети голема изложба на импресионистката Берта Моризо. Но, од делата пронајдени таму, само 76 се од жени. Мажите се автори на 2311 дела.

Според Кејти Хасел, постојат уметници како ренесансната уметница Артемисија Џентилески кои биле познати додека биле живи, но паднале во заборав низ вековите. Таков е случајот и со скулпторката Ками Клодел, чие творештво со децении е во сенка на Огист Роден. А жените од други култури – како Алжирката Баја и Сингапурката Џорџет Чен – никогаш не биле дел од историјата на уметноста, забележува Франс прес.





Претходна статија

ЦИВИЛ: Слободата на Украина значи слободата на Европа, на светот!

Следна статија

МОН: Објавен е повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2022-2023 година

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,