Свинско месо со праз

/

Состојки:
– 1/2 кг. свинско месо
– 3 парчиња праз
– 50 гр. доматно пире
– 50 гр. сирење
– 1/2 филџан црвено вино
– сол
– црвен пипер
– црн пипер

Подготовка:

Исечете го свинското месо на мали парчиња (коцки). Запржете го месото (се додека не добие златна- црвена боја), потоа ставете го празот се додека не омекне.

Додадете го црвеното вино и откако малку ќе испари додадете го доматното пире, солта, црвената пипер и црниот бибер.



Оставете го јадењето да се готви 10-15 минути  и потоа ставете го во плехот за печење да се пече на загреана рерна на 220 степени. 5 минути пред да го извадите јадењето, посипете со рендано сирење и оставете го да се стопи.

На здравје!

Претходна статија

Убавините на Земјата (ВИДЕО)

Следна статија

5 знаци кои покажуваат дека ТОЈ е „мамино синче“

Најново од Магазин