СЗО ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА СИНОФАРМ ЗА ИТНА УПОТРЕБА

/

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител на лекови Синофарм.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Исто така, СЗО за првпат одобри за итна употреба на кинеска вакцина против заразна болест.

Фактот дека вакцината на Синофарм е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.



СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против Ковид-19 кои ги развија Фајзер/Бионтек, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

БОЧВАРСКИ: СЕМЕЈСТВОТО НА ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА ЌЕ ДОБИЕ СТАН ВО СТРУМИЦА

Следна статија

АХМЕТИ: ТЕРОРИЗАМ Е ПРЕТЕШКА КВАЛИФИКАЦИЈА ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ОД НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ

Најново од Вести