Тајната на долголетниците од Сардинија

//

Антонио Тоде беше првиот човек на светот кој доживеа до 110 години. Тој е роден во Тијана, село на италијанскиот остров Сардинија.

Роден во 1889 година, Тоде умира во 2002 година. “Неговиот живот се протега во три века!”, вели неговиот син – 84-годишниот Тонино, кој исто така се надева да доживее до 100 години.

Тиjана е само едно село во еден невообичаен регион во кој бројот на луѓето кои доживеале 100 години, е три пати поголем во споредба со остатокот на Сардинија, како и во споредба со цела Италија. Иако добрите гени, исхраната и вежбите често се наведени како главни причини за тоа човекот да живее долг живот, истражувањата во овој средоземноморски регион покажува дека социјалните интеракции можат да имаат не помала улога за долговечноста.

Од набљудувањата извршени таму, може да се претпостави дека грижата и вниманието од страна на членовите на семејството, како и ангажманот со активности во заедницата, му помагаат на човекот да ја задржи својата здрава ментална состојба. Нешто што е од клучно значење за неговата целокупна благосостојба.

На почетокот на новиот милениум демографот д-р Џовани Пес открива дека меѓу жителите на неколку села во централна Сардинија се набљудуваат неверојатно ниски нивоа на смртност и подолг животен век.

Регионот го нарекува “Сина зона”, термин кој сега се користи за одредување на области чии жители живеат невообичаено долго. Вкупно пет такви области се идентификувани во светот, вклучувајќи ги и оние во Никоја, Костарика и една на грчкиот остров Икарија.

Она што го прави регионот во Сардинија уникатен е големиот број на мажи кои се над просечната возраст.

“Во повеќето западни земји соодносот помеѓу половите кај луѓето на 100-годишна возраст е 1 до 4 во корист на жените”, објаснува д-р Пес и појаснува дека во оваа централна зона на Сардинија соодносот е 1 спроти 1.

За да разбере зошто тоа е така, Пес првично го анализира генетскиот код на жителите на регионот. Тој смета дека географската изолација може да доведе до разлика во гените кои се пресудни за долговечноста меѓу локалното население.

Сепак, генетските фактори објаснуваат “само меѓу 20 и 25 проценти од просечниот животен век”, вели тој. Интервјуата со старите луѓе и историските податоци доведуваат до претпоставка дека социјалните и психолошките фактори не се помалку важни.

Во контраст со многу делови на Северна Италија, невообичаено е старите луѓе во овој регион да бидат сместени во домови за возрасни, објаснува Марија Чиара Фастаме, психолог од Универзитетот во Каљари.

Роднините и соседите се грижат за постарите, разкажува таа, домот е место каде се одвива секојдневен контакт меѓу млади и стари. Постарите луѓе не се сметаат за товар, туку како луѓе кои им пренесуваат на помлади вредности и локални знаења. “Тие се ресурс за заедницата”, вели Фастаме.

Клаудио Кабиду е роден во овој регион и ја изучува психологијата на стогодишниците на Универзитетот во Каљари. “Ако не можеме да научиме нешто од нив и да го пренесеме тоа знаење на нашите деца, тогаш ние губиме”, смета тој.



Во неговото родно село, старите луѓе остануваат дома и се грижат за своите семејства. Кабиду открива дека дури во Каљари, кој се наоѓа во Јужна Сардинија, односот е различен и постарите луѓе таму живеат независни животи. “Кога има возрасен човек во еден дом, тој има потреба од мрежа на поддршка, за да не се чувствува сам”, објаснува психологот.

Освен што се суштински дел од семејството, постарите луѓе ги одржуваат социјалните мрежи во заедницата преку организација и учество во локални настани и манифестации, раскажува Кабиду.

Празници и спортски настани на централниот плоштад во неговото родно село стануваат повод за масовни собири на локалното население. Старите луѓе, исто така, се среќаваат во попладневните часови на плоштадот за да разговараат, да играат карти и да се дружат.

Додека останале поврзани со општествениот живот на селото, постарите луѓе ја задржуваат својата активна и вредна улога во заедницата. Ова за возврат ги држи нивните умови остри. “Ако човек е ангажиран со многу активности, физички и културни, тоа значи дека неговиот ум е исто така повеќе продуктивен”, вели психологот Фастаме.

Во научните трудови има многу информации за придобивките од блиските пријателства и семејните врски. Факултетот за психологија на Универзитетот во Каљари сепак открива во свое истражување во 2017-та, дека постарите луѓе од “сината зона” на Сардинија се ангажирани во повеќе социјални активности во споредба со луѓето на слична возраст во други региони. Ова создава различен психолошки модел кој исто така е поврзан со подолгиот живот.

“Од психолошка гледна точка, социјалниот контекст е од фундаментално значење за стареењето”, вели Фастаме.

Сара Харпер е професор по геронтологија на Универзитетот на Универзитетот на Универзитетот на Обединетото Кралство. Таа се согласува дека социјалната средина во која живеат луѓето игра значајна улога во нивната долговечност.

Во овој регион во Централна Сардинија постарите луѓе имаат и многу “пониски нивоа на депресивни симптоми”, објаснува психологот Пол Хичкот од Универзитетот во Каљари. Тој е исто така дел од тимот кој ги испитува сардинските стогодишници. Иако не живеат идиличен рурален живот, тие имаат “имунитет кон вообичаените проблеми со кои постарите луѓе се соочуваат во подоцнежните фази од животот”.

Студијата на Хичкок, исто така, покажа дека постарите луѓе во регионот имаат подобра работна меморија од нивните врсници во северна Италија. Сите овие аспекти заедно придонесуваат за нивното здравје – физичко и психолошко.

Сардинија е позната како остров со ниски приходи за населението и ендемични болести, објаснува д-р Џовани Пес. Она што им помага на своите жители да се справат со тешкотиите во животот во нивните подоцнежни години е блиските врски меѓу нив.

Не постои едно објаснување за долговечноста, смета д-р Пес. Според него, во случајот се работи интеракцијата помеѓу многу различни фактори.

Социјалните компоненти се важни за да се избегне изолацијата и депресијата, но тие се испреплетуваат со други фактори кои им помагаат на луѓето да живеат до 100 години и нагоре. Сепак, потребни се повеќе истражувања за подобро разбирање на ова “здраво стареење”.

Претходна статија

Македонија со седум претставници на Балканското Првенство во атлетика

Следна статија

Арно им текна после 25 години да ги подноват скопските пожарникари

Најново од Вести