Талибанците користеа солзавец кон десетици авганистански жени кои протестираа во Кабул

/

Талибанските милитанти користеа солзавец и испукаа предупредувачки истрели кон десетици авганистански жени кои протестираа во Кабул за еднакви права. Авганистанките одржаа протести во изминатите два дена, барајќи еднаквост, правда и демократија. Жените што протестираа се собраа пред претседателската палата во Кабул и држеа плакати со натписи: „Ние не сме жени од 90 – тите години. Милитантната група рече дека ќе ги почитува правата на жените, според правилата на исламскиот закон – Шеријатот. Талибанците владееја со Авганистан помеѓу 1996 и 2001 година. Тие не им дозволуваа на жените да работат, на девојчињата не им беше дозволено да посетуваат училиште и жените мораа да го покриваат лицето и да бидат придружувани од роднина од машки пол доколку сакаат да ги напуштат своите домови. Оние што ги прекршуваа правилата понекогаш беа осудувани на јавни тепања од талибанската верска полиција. Многу земји и организации изразија сомневање во врска со ветувањата на Талибанците дека овој пат ќе владеат поинаку.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Пописот ќе се спроведе безбедно и не постои шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните

Следна статија

Веројатно следната година ќе се прима и трета доза вакцина за ковид 19

Најново од Вести