|

,,ТАНГО“ ПРЕМИЕРА НА ТЕТОВСКИ ТЕАТАР

Љубителите на театарската уметност утре, петок (29.06.2018), во Центарот за култура во Тетово, во 20 часот, ќе можат да ја проследат премиерната изведба на претставата „Танго“ од Славомир Мрожек, во режија на Елхаме Кутловци…

Во најновата претстава на Тетовскиот театар настапуваат актерите Eрмал Чанга, Арсим Калеци, Музафер Етеми, Бурхан Амити, Ајете Реџеповиќ и Линда Шабани. Сценографијата е на Ментон Бериша, костимите на Самка Фери, додека кореографијата ја подготви Агнес Нокшиќи. Композитор на музиката е Алзан Гаши.

Слични Објави