Таравари: Со три барања влегуваме во Влада

/

На Арбен Тараври како нов лидер на Алијанса за Албанците му припадна задачата да одлучува дали партијата ќе продолжи да дејствува како опозициска партија или ќе стане дела од Владата.

Во интервју за Фронтлајн, Таравари отворено говори за понудата што ја доби за да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, за очекувањата и за условите што тој ги има доколку се нафати да ја внесе Алијанса за Албанците во власта.

„Ова е тежок период за АА кога треба да одлучи за приклучување кон Власта кога веќе има официјална понуда од таму.

Партијата направи анализи за предностите и маните од влегувањето во коалициската Влада и што се маните. При тоа констатиравме дека наше најсилно оружје е политичката конзистентност и моралната чистота. Притоа од секогаш сме биле против тежа на ДУИ и секогаш сме сметале дека треба да има јака албанска опозиција, но ако влеземе во Владата нема да постои таква опозициска сила. Од друга страна пак со влегувањето во Владата можеме да покажеме како поинаку може да се владее со одредени институции, како што владеевме со Министерството за здравство во тие сто дена додека бевме со власта, или со трите општини со кои раководиме. Таа разлика веќе сме ја докажале.

Од друга страна со влегувањето во Владата можеме да катализираме одредени процеси со што би се доближиле до бројката 80 пратеници за да можат да се случат уставните промени за влез на Бугарите и другите етнички заедници во Уставот, неопходни за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

Но овде морам да додадам дека ние како партија овие уставни промени ги подржуваме и како дел од власта но и како опозиција. Но со влегувањето во Владата мислиме дека тоа мнозинство што е за европска Македонија ќе се стабилизира повеќе.

Ова дотолку повеќе што Левица заедно со ВМРО-ДПМНЕ се повеќе како да се оддалечуваат од европската агенда на државата по потрага на гласови. Јас не им посакувам на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во таа агенда на Левица. Можеби со нашето влегување во власта ќе ги отрезни и нив дека би било добро да се изгласаат тие уставни измени до 2023 година,“ оценува Таравари.

Говорејќи за коалицискиот капацитет на АА и можностите да соработува со сите партии кои сега се во власта, Арбен Таравари вели дека најтешко за нив е да соработуваат со ДУИ.

За тоа со кои барања Алијанса влегува во Владата Таравари со одговор:

„Имаме принципи што ни се битни. Едно од нив е да нема до 2024 година инаку не се гледаме во власта за само неколку месеци. Другото барање е во институциите со кои ќе раководиме да имаме автономија на раководење, и трето е динамика на тоа што ќе се договориме да се спроведува во пракса“, вели Таравари во интервјуто за Фронтлајн.

За влез во владиното мнозинство, вели Таравари е разговарано и со меѓународниот фактор, и затоа се надева на коректност.

Во однос на кои министерски места или ресори таргетира АА, Таравари вели дека немаат посебен таргет на институции, но потсетува дека се партија со осум респектабилни пратеници и соодветен стручен кадровски потенцијал.

На прашањето дали би го прифатиле Министерството за здравство, Таравари со одговор: „зошто да не, и тоа е една од опциите“.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Стефанов: Руското министерство за култура го забрани прикажувањето на филмот „Глад“, кој раскажува за големиот глад во регионот на реката Волга во периодот 1920-1922 г.

Следна статија

Очекувам до крајот на идната година да завршат целосно градежните работи на автопатот Охрид-Кичево, вели Ковачевски

Најново од Вести