Татко и син најдени во стан со повреди од огнено оружје – синот починал, таткото пренесен во болница

/

На 10.08.2021 во 19.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д.(87) и В.Д.(59), татко и син, двајцата од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури. Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Претходна статија

Османи: Немаме охрабрувачки вести од Бугарија

Следна статија

Штипјанец загина по напад од сопствениот бик

Најново од Вести