ТЕЛЕШКО МЕСО СО ОРИЗ И СПАНАЌ
Состојки:
– 700 гр. телешко месо
– 300 гр. спанаќ
– 2 моркови
– 1 кромид
– 400 гр. домати
– 200 гр. печурки
– 1 филџан ориз
– коријандер
– сол
– црвен пипер
– 2 коцки за супа од зеленчук
– ким
– 100 мл. црвено вино
– масло
Подготовка:
Во длабок сад со масло ставете го телешкото месо, исечено на коцки заедно со зачините. Откако ќе го запржите месото додадете го виното , 2 чаши вода и една коцка за супа.
Во друг сад пржете го оризот, ситно исецканиот кромид, морковите, исечени на кругови, печурките и доматите. Ставете чаша вода за да ја покриете мешавината.
Промешајте и штом ќе почне да врие, додадете го спанаќот. Мешајте 3-4 минути и потоа во смесата ставете го телешко месо другата зеленчукова коцка и две чаши вода. Печете на умерена температура се додека не биде готово јадењето.