Уште едно детенце излекувано од малигна болест на Клиниката за детски болести, напиша на Фејсбук актуелниот министер за здравство, Венко Филипче.
-Најголемиот смешко Теофан ја победи болеста и вчера си замина дома. Тој повторно ќе има среќно детство и ќе се дружи со другарчињата. Му посакувам секогаш да биде насмеан и силен како и досега. Браво за целиот тим на установата!- напиша министерот на здравство Венко Филипче.