|

Тешка е здравствената состојба на Берлускони

Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони полека се подобрува, но сепак е тешка, изјави неговиот лекар Алберто Зангрило.

Берлускони веќе шести ден е во болница поради компликации предизвикани од пневмонија и хронична миеломоноцитна леукемија, пренесува „Стампа“.

Зангрило изјави и дека Берлускони одговорил на терапијата.

Според „Анса“, во текот на претходната ноќ го посетиле неговите ќерки Марина и Елеонора.

Слични Објави