ТЕШКА И МАЧНА БОРБА СО ВИРУСОТ: ЛУЃЕ КОИ ОЗДРАВЕЛЕ ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПОВТОРНО СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОВИД-19

Виролозите потврдија нови случаи кога луѓе коишто прележале коронавирус, по неколку месеци повторно се заразиле. Еден пациент во Холандија и друг во Белгија се заразиле со вирусот по втор пат, објави холандската национална служба НОС.

loading...

Извештајот следи откако истражувачите во Хонг Конг оваа недела потврдија дека еден маж во градот е повторно заразен со вирусот, четири и пол месеци откако оздравел.

НОС го цитираше вирологот Марион Копманс, којашто вели дека холандскиот пациент е постара личност со ослабен имунолошки систем. Таа изјави дека се познати случаите кога луѓето долго време страдаат од овој вирус, по што тој се распламтува.

Сосема новата втора инфекција, како во случајот со Холандија, Белгија и Хонг Конг, бара генетско тестирање на вирусите од првата и втората инфекција за да се утврди дали се разликуваат.

Копманс, која е советник во холандската влада, рече дека се очекуваат случаи на повторна инфекција.



loading...

„Не ме загрижува тоа што некој се појавил со втора инфекција. Треба да видиме дали тоа се случува често“, вели таа.

Пациентот во Белгија има благи симптоми, рече вирологот Марк Ван Ранст, но тоа „не е добра вест“, додаде тој. Тој вели дека овој случај покажува дека антителата што пациентот ги развил за време на првата инфекција не биле доволни за да се спречи втората инфекција со малку поинаква варијанта на вирусот.

Ван Ранст изјави дека не е јасно дали ваквите случаи се ретки или има „многу луѓе кои можат да бидат заразени повторно по шест или седум месеци“.

Извор: Макфакс