|

Тешка сообраќајка кај Ужице: Директен судир на комбе и автомобил, повредените се обидуваат да излезат од згмеченото возило

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа, која утрово се случила на патот од Ужице кон Пожега, јави од местото на настанот новинар на „Танјуг“.

До несреќата дошло кога автомобил „застава“ со ужички регистерски таблички почнал да го престигнува камионот и директно се судрил со комбе на пекарска компанија.

Екипите на итната помош се на терен и се обидуваат да ги извлечат повредените од згмечениот автомобил.

Во прекин е сообраќајот на делницата Ужице – Пожега, јавуваат медиумите во регионот.

Слични Објави