| |

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ДЕВОЈКА, ВЧЕРА БИЛА ПРЕГАЗЕНА ОД „МЕРЦЕДЕС“

Девојка е тешко повредена откако вчера на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од А.С.(56) од тетовското село Порој, удрило во неа.

22-годишната Ф.И. од село Дебреше се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.



Слични Објави