ТЕСТ: ЦВЕЌЕТО КОЕ ЌЕ ГО ИЗБЕРЕТЕ ПОКАЖУВА КАКВА ЖЕНА СТЕ

/
  1. Амарилис
    Сакате да бидете опкружени со пријатели. И вашите пријатели сакаат да бидат околу вас. Вие сте силни, енергични и сте душата на друштвото . Сакате да ги изненадувате луѓето со неочекувани потези на внимание и љубов. Вие само го сакате животот и им го пренесувате ова чувство на сите околу вас.
  2. Лилјан
    Вие сте вечен оптимист. Вие сте фантазер и авантурист. Со возбуда и нетрпеливост  прифаќате сè што е ново. Промената не ве плаши. Напротив, ве исполнува со ентузијазам и очекување за нешто уште подобро. Ретко „гледате“ наназад, бидејќи знаете дека минатото не може да се врати … Знаете дека моментот е тука и сега. Затоа што … знаете што значи да живеете.
  3. Ружа
    Нежни, внимателни, деликатни. Чувствителни и сензуални. Тоа сте вие. Вие сте човек кој може да се стави на местото на другите. И често го правите тоа. Им се „раздавате“ на другите но и знаете да се чувате самите себе. Вие ги користите вашите „трња“ кога ви требаат против оној кој е неопходно. Затоа вашите пријатели не се многубројни, но  се вистински. Тие се оние кои докажале дека можат да го допрат вашето срце.
  4. Црна Ружа
    Има еден збор кој најдобро може да ви дефинира. И тоа е: РАЗЛИЧНО. Вие навистина не сте како другите. Вие не ги почитувате правилата по кои сите живеат. Не се обидувате да „се вклопите“ во луѓето, и не се обидувате да избегате од вашата суштина. Вие се чувствувате добро во друштво на луѓе како вас, луѓе кои не се плашат да бидат сами.
  5. Лале
    Луѓето ве дефинираат како наивни и доверливи. И ова не е вашата слабост. Ова е вашата моќ. Вие само верувате во доброто на луѓето. Вие верувате во моќта на простувањето. Верувате во лекциите, а не во грешките. Го гледате потенцијалот на лицето до вас, дури и кога тоа лице самото не е свесно за неговите вредности. Вие само … имате големо срце. Срцето кое е родено за љубов.
  6. Орхидеја
    Вие сте трпеливи и решителни. Вие не очајувате, не се предавате, не се откажувате. Знаете какви се вашите цели и не се сомневате дека ќе можете да ги постигнете. Вие знаете дека не е важно колку брзо се движите напред. Важно е да не се запре. Затоа таму каде што другите гледаат проблем кој ги обесхрабрува, вие гледате предизвик кој ве предизвикува и мотивира. Вие сте силни и вашата сила често е извор на сила за другите.





Претходна статија

ЛУДИТЕ НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАНИ НА ПОЗНАТИТЕ: ПАМЕЛА АНДЕРСОН ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ, СЕЛИН ДИОН ВО ЗЛАТО, А АНЏЕЛИНА ЏОЛИ… (ГАЛЕРИЈА)

Следна статија

GIF: ЛИЖИ ГО ПОБРЗО ОТИ ЌЕ ПАДНЕ

Најново од Магазин