ТЕСТ: ИЗБЕРЕТЕ СИ ПЕПЕРУТКА И ВИДЕТЕ ШТО КАЖУВА ТОА ЗА ВАС
Пеперутката што го привлекува вашето најголемо внимание ќе открие многу за вашата моќ како жена. Да почнеме? Разгледајте ги пеперутките, изберете си број и видете подолу што тоа значи и покажува за вас …
1. Вашата моќ се крие во вашата отворена природа и неограничен оптимизам. Сакате другите да бидат среќни. Затоа што тоа и ви носи среќа.
2. Вие привлекувате со вашата доверба и сила. Ја знаете вашата цена и не дозволувате никој да ве потцени. Се држите до вашите ставови и мислења. И секогаш и во секоја ситуација стоите позади вашите зборови.
3. Никогаш не се предавате. Каде што другите гледаат темнина, вие ја гледате светлината. Вие верувате дека кога некој ќе го извлече најдоброто од себе, тогаш и му се случуваат најубавите работи.
4. Вие сте многу чувствителни и емотивни и не се грижите за тоа. Знаете дека вистинската моќ не е да ги скриете вашите чувства и раните, туку да ја симнете маската и вистински да се претставите пред светот.
5. Вашиот мир е заразен. Со леснотија успевате да се смирите и да го најдете позитивното дури и во најтешките ситуации. Ова многу ви помага вас но и на луѓето околу вас!
6. Имате големо и топло срце. Каде и да сте, што и да правите целосно се вложувате – без разлика дали станува збор за лични односи или бизнис ангажмани.
7. Вие сте сонцето во друштвото. Човекот кој инспирира. Ги иницирате собирите, го подигате расположението. Вие сте вистинско богатство за оние кои ве познаваат.
8. Знаете како да ја задржите рамнотежата во вашиот живот и да го одржувате вашиот внатрешен мир. Се грижите за вашата душа и знаете како да се радувате на малите работи. На овој начин ги менувате и луѓето околу вас.
9. Вие сте многу љубопитна. Новото ве возбудува, а предизвиците не ве плашат. Знаете дека секоја промена има нови можности и затоа ја поздравувате со отворени раце и отворено срце.
10. Вашиот ум постојано генерира нови идеи. Вие сонувате и не се плашите да се борите за вашите соништа. Вие верувате во нив и верувате во себе. Затоа ги постигнувате вашите цели.