| |

Тони Николов: „Заговорот на мртвите ” на Марин Георгиев е расказ за ,,средишното бугарско време”

Познатиот бугарски новинар и филозоф Тони Николов, главен уредник на порталот и списанието ,, Култура ” напиша кратка рецензија за последната книга на познатиот бугарски писател Марин Георгиев ,, Заговорот на мртвите”.

Во своjaта рецензија Николов ја дефинира книгата на Марин Георгиев како расказ за ,,средишното бугарско време”.

,,Расказ (бел. ур.) за едно време што демек веќе го нема , но време за кое треба да се зборува ако сакаме да разбереме што и како било. Расказите и сведоштвата во книгата тргнуваат уште пред 1989 година и времето на НРБ и во суштина се собираат како купови од дневници, преписки, писма, останати во меморијата на авторот, во годините на незавршената транзиција. Тие се силно пристрасни и остри. Често пати рушат митови и симнуваат венци- така авторот ги видел и почувствувал луѓето и настаните што ги опишува. Некои од хероите во тие истории се одамна заборавени. Други како Емилијан Станев , Константин Павлов, Ивајло Петров, Тончо Жечев или Вера Мотафчиева се појавуваат во повеќе од неочекувано светло за читателот. Но таква е положбата со мемористиката. Секој што отворил таква книга прифаќа да си го ,,намести саатот” со авторот, зачувувајќи го правото да биде несогласен. Минатото е реалност која поминува низ различни рецептивни хоризонти”, стои во кратката рецензија на бугарскиот новинар и филозоф Тони Николов.



Слични Објави