ТОРТА СО МОРКОВИ

/

Состојки:
– 5 јајца
– 2 филџани брашно
-2/3 филџан масло
– 200 гр. ореви
– 1 и 1/2 лажички рендани моркови
– 2 пакетчиња ванила
– 1 и 1/2 лажичка цимет
– 2 лажици какао
– 2 филџани шеќер
– 20 гр. прашок за пециво

Подготовка:
Измешајте ги убаво јајцата и шеќерот, потоа додадете го маслото и промешајте повторно.

Додадете ги морковите па пресееното брашно во кое сте ги ставиле пецивото и ванилата. Мешајте со помош на миксер на мала брзина се додека смесата не стане хомогена. Додадете ги оревите и циметот и промешајте повторно.

Две третини од смесата ставете ја во намрсена и набрашнета тава. Во преостанатата смеса 1/3 , ставете го какаото и убаво измешајте. Темната смеса ставете ја врз белата.



Печете околу 60-70 минути на 150 степени без вентилатор и во загреана печка.

На здравје!



Претходна статија

СУДИР СО РЕАЛНОСТА ВО МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

Следна статија

ФОТО: ТИЕ ЛУДИ ЛУДИ 90-ТИ :).

Најново од Магазин