ТРАГЕДИЈА ВО ПРИПОР – ЕДЕН РАБОТНИК ЗАГИНА, ДРУГ Е ПОВРЕДЕН ПО ОДРОН НА ЗЕМЈА

Вести Истакнато Македонија

Вчера работник загина, а еден е повреден откако врз нив паднала земја од одрон. Работниците се од приватна градежна фирма Баџак инженеринг, а биле ангажирани за изградба на потпорен ѕид на улицата Христо Татарчев на 14-от крај. При големата трагедија починал 57-годишниот Ѓ.Ѓ од Скопје на местото на настанот, додека 52-годишниот Ш.Ш. од Куманово со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.  Повредениот работник е во стабилна општа состојба и е пратен на домашно лекување. Тој нема потешки повреди освен набиено рамо и стапало.