ТРАВЕЛИСТА СО МОДЕРНА МИМИКРИЈА ЗА ДОЛГО СЕЌАВАЊЕ

/

Патувањето околу светот е најубавото искуство и рационално потрошено време во создавањето на спомени. Прво сте возбудени од дестинацијата, па замислувате, па идеализирате па планирате до ситница што ќе купите, фотографирате… Но исто така важно е и што ќе облечете… Облеката е важна за тоа како ќе изгледате и додека сте таму да ви биде пријатна и убава… Облеката е важна за годините во иднина за да ве потсети на патувањето. Можеби нема да запамтетите што точно сте носеле, но со сигурност ќе го паметите чувството дали сте носеле убава, атрактивна и шик облека.

Да започнеме од Монако. Замислете да сте во Монако во тренерки. Неудобно звучи,а уште понеубаво изледа, а чувството нема шанси да биде пријатно. За местото што го посетувате, читајте, гуглајте, откријте каков центар е, кој живеел таму, што е карактеристично итн. Грејс Кели го одбележа токму Монако. Елеганцијата таму како да живее и по нејзината смрт, како дел од неа да има во честичките во воздухот. Не дозволувајте да се прошетате по улиците на Монако каде што чекорела музата на Хичкок ,а да не бидете елегантни. Не задолжувајте се себеси да изгледате како Одри Хепберн, но класични струкирани здолништа со колани би биле одлична комбинација. Сувенир, да речеме монета од катедралата каде почива Грејс Кели, е најдобро да ставите во Kelly Bag на Хермес, во боја, што соодветствува на облеката.   Доколку е есен или зима додадете крзнен детал. Овие работи се задолжителни за прошетка низ Монако и секако убав ручек со француско сортно вино. Едноставно,не дозволувајте да бидете дел од класичната елеганција на Азурниот брег. Пред да отпатувате помириснете го само О д’ Азуре на Ланкоме и ќе ја доловите тамошната фреквенција.
Венеција поминете ја во богат , разнобоен и раскошен цветен несекојдневен фустан, наметка, (дури и свечена е дозволена над фустанот, со долги широки ракави) и секако женствен шешир и наочари за сонце. Нема да погрешите доколку си купите венецијанска маска со која ќе го прошетате плоштадот Сан Марко,а кога ќе го густирате тоа потребна ви е сламена голема летна чанта за да ја зачувате за дома како спомен. Нема да ви сугерирам за моделот на чантата, тука е се безвременско! Едноставно и гламурозно, ова претставува друга димензија каде овоземните трендови и брендови се добредојдени иако и да прошетате во апостолки или римјанки со цветно кратко фустанче нема да погрешите. Гондолите и мостовите одат со лежерни комбинации ,но не и со лежерните стартки. Тоа е веќе сосема друга лежерност, која тука навистина е непотребна.
За Барселона Ве молам јаки бои, впечатливи наочари и цветно осветлената од сонцето коса. Само така ќе се вклопите во движењето околу Барселона. Запомнете, модата е минлива а стилот е вечен. Каде и да одите ставете на себе од вашиот омилен парфем. Коко кажа, жена без парфем нема иднина. Па какво би било вашето патување ако не мирисате прво на вас па на се околу вас?



Автор: Катерина Граматова

Претходна статија

Кои мажи сакаат силни и успешни жени според хороскопот

Следна статија

Полнети компири со урда

Најново од Магазин