Тринаесетта конференција на КОСАП
Во Собранието на Република Македонија денеска се одржува 13. Конференција на парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна европа-КОСАП.
Конференцијата свечено ќе ја отвори и претседава претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, а свое поздравно обраќање ќе има и претседателот на Собранието, г. Талат Џафери.
Во рамки на Конференцијата предвидени се две работни сесии.
Првата сесија е на тема: Европска перспектива на Западен Балкан, односно дискусија за ЕУ Стратегија за Западен Балкан:Кредибилна перспектива на проширувањето и зајакнат ангажман на ЕУ за Западен Балкан, во пресрет на Извештаите за земјите од Европската Комисија и заклучоците на Советот на ЕУ во јуни, додека
втората сесија е на тема: Западен Балкан владеен од правото.
На крајот од дискусијата на Конференцијата се очекува усвојување на Заедничка изјава и изјави за медиумите.