|

Трпковска: ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше општина Гази Баба и ја претвори во легло на непотизам

Освен што ништо не работи во првите месеци од мандатот, општинската администрација во Гази Баба предводена од ВМРО-ДПМНЕ е легло на непотизам,изјави денеска советничката од СДСМ во општина Гази Баба Сузана Трпковска.

-Мартин Десподовски е советник во Советот на општината, а неговата сопруга, Габриела Десподовска работи во одделението за човечки ресурси во општината. Секретар на општината е Невенка Стаменковска Стојковска, а нејзиниот сопруг Дарко Стојковски е вработен во секторот за инспекциски работи. Александар Каровски е советник и претседател на комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животна средина, а неговата сопруга Тина Каровска е раководител на одделение за градежно земјиште во сектор урбанизам. Ова почитувани, е пример за непотизам, пример за груба партизација на Општина Гази Баба која треба да им служи на сите граѓани, рече таа.

Според Трпковска, општината е легло на непотизам.

-Ова само покажува дека и на локално и на централно ниво во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Партијата предводена од Христијан Мицкоски е симбол за непотизам и партизација на општините. Општина Гази Баба предводена од Бобан Стефковски е легло на непотизам и не работи за граѓаните, туку за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Трпковска.

Извор: zoom.mk

Слични Објави