УАПСЕН ЛЕГЕНДАРНИОТ МИШЕЛ ПЛАТИНИ!

/

Легендарниот француски фудбалер и поранешен претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, е уапсен денеска поради сомневање дека учествувал во местење на доделувањето на Мундијалот во 2022 година на Катар.

Француските медиуми соопштуваат дека тој е приведен како дел од истрагата поврзана со овој случај. Платини беше прв човек на европскиот фудбал во периодот од 2007 до 2015 година, кога беше суспендиран од страна на Етичкиот комитет на ФИФА. Тој беше исфрлен од фудбалот на период од шест години, казна која потоа беше намалена на четири години и која заврши во март годинава.

Наскоро се очекуваат повеќе информации околу апсењето на еден од најдобрите европски фудбали на сите времиња.



Извор: Спорт1

Претходна статија

СДСМ: ИНВЕСТИЦИИ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТИШТА САМО ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Следна статија

ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА СИЛЕН ПРИДОНЕС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ, ОЦЕНИ ЛИ ЏАНГШУ

Најново од Вести