УАПСЕНА ДИРЕКТОРКАТА НА ХУАВЕЈ ВО КАНАДА

Вести Истакнато Свет

Ќерката на основачот на кинеската компанија Хуавеј, Рен Женгфеи, Менг Ванжу, уапсена е на 1 декември во Канада и и се заканува екстрадиција во САД, јавува „Ројтерс“.

Менг, која е потпретседателка на компанијата и главна финансиска директорка, уапсена е поради наводно кршење на американските санкции, изјави неименуван извор за агенцијата „Ројтерс“.

Извори за агенцијата изјавуваат дека САД вршат истрага во компанијата Хуавеј уште од 2016 година поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД, што е кршење на санкциите кои Америка ги воведе кон таа земја.

Амбасадата на Кина во Канада побара од властите веднаш да ја ослободат Менг.

„АП“ оценува дека апсењето на Менг би можело дополнително да ги комплицира трговски преговори меѓу Кина и САД, а потсетува дека официјален Вашингтон го гледа Хуавеј и останатите други кинески компании како можни паравани за кинеска шпионажа.