УБАВАТА ЈЕЛЕНА МИЈАТОВИЌ БЛЕСКАШЕ ВО ПОСЛЕДНАТА ВЕЧЕР НА ЕСЕНСКИОТ FASHION WEEKEND ВО СКОПЈЕ

Истакнато Магазин Убавина&Здравје

Позната македонска глумица Јелена Мијатовиќ заплива и во манекенските води. Убавата Јелена синоќа продефилира со креација на младата модна дизајнерка Сара Реџиќ. Во ревијата на дизајнерката Реџиќ, земаа учество и други жени кои не се занимаваат со манекенство професионално. Јелена Мијатовиќ ѝ придаде на ревијата еден посебен шарм што може да се спореди само со блесокот на Бродвеј.

За прв пат учествував како модел во модна ревија и се чувствував прекрасно. Ревијата беше организирана професионално, според сите светски стандарди. Би сакала да подвлечам дека сум горда на мојата пријателка Сара Реџиќ и на нејзините успеси во светот на модата. Ми беше задоволство да учествувам во нејзиниот проект. Убавината секогаш ми била инспирација, а синоќа сите што продефилираа на модната писта зрачеа со некаква посебна магија, изјави за нашиот портал познатата македонска глумица Јелена Мијатовиќ.

Ревијата на Сара Реџиќ се оддржа во последната вечер на есенскиот Fashion weekend 2018-2019 што се одвиваше во хотелот Мarriot во Скопје. 

This slideshow requires JavaScript.