|

Убиена девојка за време на парадата, трагично заврши прославата во Канзас Сити

Откако американските фудбалери на Канзас Сити Чифс го одбранија трофејот во НФЛ, совладувајќи го Сан Франциско со 25:22 во 58. Супербол, традиционалната прослава на улиците на градот се претвори во хаос. За време на шампионската парада во Канзас Сити, двајца напаѓачи отворија оган среде толпа навивачи, многу луѓе беа повредени, додека полицијата ја потврди смртта на Лиза Лопез-Галван.

Радио станицата KKFI во Канзас Сити вчера навечер потврди дека диџеј Лопез-Галван, водителка на шоуто „Вкусот на Тејано“, била убиена во пукање за време на парадата на Супербоул.

Според последните информации на медиумите од Канзас, едно лице е убиено, а 21 е ранет.

Американските медиуми јавија дека осумтемина повредени се во тешка состојба и дека лекарите се борат за нивниот живот. Меѓу повредените има дури девет деца.

Снимката објавена од Fantasy Fanatics го покажува напаѓачот со качулка како трча низ толпата обожаватели додека неколку од нив го бркаат.

Иако имал оружје, група храбри посетители на победничката парада на тимот од Мисури го стигнале и го собориле, по што полицијата пристигнала на местото на настанот.



Слични Објави