| |

Учесниците во проектот „Монмартр во Софија и Пловдив 2025“ со трогателна благодарност до д-р Врабевски и бугарскиот министер за култура

Младите учесници од Бугарија и Северна Македонија, во културниот проект „Монмартр во Софија и Пловдив 2025“, упатија искрено и трогателно писмо до д-р Милен Врабевски и министерот за култура на Бугарија Мариан Бачев, јавува Фондација „Бугарска памет“. Во писмото тие изразуваат длабока благодарност за можноста да бидат дел од иницијативата која им овозможи да творат заедно и да разменуваат идеи во занимлива мултикултурна средина.

Учесниците истакнуваат дека проектот им помогнал да изградат трајни мостови на пријателство меѓу двете земји, нагласувајќи дека ваквите активности се од суштинско значење за продлабочување на меѓусебното разбирање и почитување меѓу младите генерации.

Проектот е реализиран по иницијатива на Фондацијата „Бугарска Памет“, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Бугарија. Основната цел е зближување на младите преку културна размена, како и создавање трајни, искрени и продуктивни пријателства меѓу учесниците од двете држави.

Трогателните зборови на младите уште еднаш потсетуваат колку е важно вложувањето во талентот и креативниот потенцијал на новите генерации, како и во унапредувањето на регионалното културно единство, велат од Фондацијата на д-р Врабевски.

Слични Објави