УЕФА ЗА „СЛУЧАЈОТ МХИТАРЈАН“: НИЕ ДОБИВМЕ ГАРАНЦИИ ЗА НЕГОВА БЕЗБЕДНОСТ, АМА…

Европската фудбалска унија (УЕФА) со соопштение до јавноста порача дека обезбедила гаранции од највисоките тела во Азербејан и Владата на оваа земја за безбедноста на Ерменецот Хенрик Мхитарјан за финалето за една недела во Баку во Лига Европа, каде Арсенал и Челси ќе се судрат во трката за трофејот.

Мхитарјан нема да патува во Баку поради безбедносни причини и фактот дека Ерменија и Азербејџан одамна се во војна за регионот Нагорно Карабах, па овие две земји и нивните клубови и никогаш досега не играле меѓусебе, па УЕФА ги одвојува при сите ждрепки. Арсенал се реши да не ризикува со Мхитарјан и не го носи во Баку.

Поради целата ситуација УЕФА се реши со соопштение да ги отстрани сите дилеми.

„Работејќи заедно со Арсенал, УЕФА бараше и доби уверување за безбедноста на Хенрик Мхитарјан во Азербејџан од највисоките органи во земјата. Како резултат на овие гаранции беше изработен сеопфатен план за безбедност и беше даден на клубот. Додека клубот ги признава напорите што УЕФА и азербејџанската влада ги поминаа во врска со ова прашање, ние ја почитуваме личната одлука фудбалерот да не оди на финалето. УЕФА нагласува дека во студијата за изводливост да се игра финалето во Баку беше направена уште пред да се додели финалето, зашто смета дека е соодветно место да се игра такво финале таму. Ова доаѓа и покрај проблемите на илјадници навивачи, кои се соочуваат со проблеми да дојдат таму, бидејќи транспортните услуги се малку и се скапи“, се вели во соопштението на УЕФА.

Извор: Спорт1