УХМР СО ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: ОД УТРЕ СНЕГ И ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛА

//

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, а на планините повремено ќе провејува снег. Минималната температура ќе изнесува -5 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната дневна температура ќе изнесува 11 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи  (УХМР), ноќта кон петок од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег. Утринските температури до петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се покачат.



Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе започне во сабота.

Претходна статија

СДСМ: МИЦКОСКИ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ЛАЖЕ

Следна статија

ХАЈДАРИ: АХМЕТИ ДА ЈА ПОДДРЖИ БУГАРИЈА ПРОТИВ СРПСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести