УМЕН ЧОВЕК Е ОНОЈ, КОЈ ЗНАЕ КАДЕ МУ Е МЕСТОТО

/

Услови за можност:

Ако сакаме да го изнесеме нашиот суд (кој е во најголема мера вредносно темелен) за одредена тема, тогаш треба да имаме квалификации или услови за можност. Се друго е научна-фантастика и арчење муабет што пет пари не вреди.

A propos темите на неделава:

-Можеш да одлучиш дали ќе се вакцинираш или не, тогаш кога ќе имаш прилика да се вакцинираш, а за тоа прво треба да стигнат вакцини.

-Можеш да одлучиш дали да раѓаш или не, само тогаш ако можеш да раѓаш или не (кога мажите ќе може да раѓаат деца, тогаш ќе може и да ја коментираат темата абортус).

-Можеш да расправаш дали „Јавна соба“ е кривично дело или не, само тогаш кога ти ќе си жртва на таквиот линч, твојата жена, сестра или мајка.

-Можеш да зборуваш што е морално, а што не, само тогаш кога ќе бидеш сигурен дека целосно ги аплицираш по пример етичките постулати по чии параметри им судиш на другите.



-Можеш да зборуваш за одредена тема тогаш кога ќе веруваш во тоа, а не кога повторуваш како папагал нечии фрази затоа што некој ти пикнал банка повеќе во џеб.

-Можеш да искажеш СВОЕ мислење, само тогаш кога мислењето ти е навистина СВОЕ а не ако смрди на нечиј анус!

Аристотел: Се е можно, ама не е се актуално.

Умен човек е оној, кој знае каде му е местото!

Фб статус на Магдалена Стојмановиќ

Претходна статија

ПРЕСПА ЛИ Е ИДНИНАТА НА ТУРИЗМОТ, НАМЕСТО ОХРИД?

Следна статија

„ЗЕЛЕНАТА“ ДАМА ВО БОРБА „НА НОЖ“ СО БУГАРСКАТА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА

Најново од Ваш став

КРАДЕЦОТ ОД НЕБРЕГОВО

Верувам во реинкарнација. Од педагошки причини. Многумина заслужни не добиле адекватно признание во овоземниот живот. И