| |

УНИВЕРЗАЛНА ЌЕ ОСТАНЕ, НО МИНИСТЕРКАТА НАВИВА ЗА ЈАЈЦЕТО ЗА НОВА КОНЦЕРТНА САЛА

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува следната концертна сезона Универзалната сала да биде готова за одржување на концерти.

Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што е целокупната историја на современа Македонија.

Со обезбедените буџетски средства конечно се создадени услови за започнување на целосна реконструкција на овој објект во постоечкиот облик и габарит, одржувајќи го својот автетичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На овој чекор се одлучивме по широката поддршка од јавноста да се сочува Универзалната сала, изјави Шилегов.

Воедно, градоначалникот Шилегов, нагласи дека ова реконструкција не ги задоволува потребите на граѓаните на среден и долг рок.

Изградбата на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно собраќајно решение за пристап и ред други технички стандарди од ваков тип е нешто што мора да му се случи на Скопје, час поскоро, посочи Шилегов.

На овој настан присуствуваше и министерката за култура Ирена Стефоска, која наведе дека тие како институција работат на новиот буџет за 2021 година и дека планират за следата година да започне изградбата на новата концертна сала во Скопје.

Постојат повеќе готови проекти за изградба на нова коцертна сала. Јас сум за проектот „Јајце”, зошто да не, тоа е работен проект, подготвен. Но, исто така разгледуваме и други можности, наведе министерката Стефоска.

Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2020 година, Владата за овој култен објект во Скопје одвои 120 милиони денари.

Меѓу другото, министерката Стефоска, потсети дека Универзалната сала е изградена со финансиска помош од повеќе држави меѓу кој Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јемен, Сирија, Турција и многу други. Според неа, овој објект ќе остане траен симбол на меѓународната човечка солидарноста на обновата на Скопје на 26 јули 1963 година.



Слични Објави