|

УСТАВЕН ПРЕСУДИ ПРОТИВ ПОНИШТЕНИТЕ ОД ВЛАДАТА ОДЛУКИ НА НАЌЕ ЧУЛЕВ

Од кабинетот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, соопштија дека Управниот суд донел пресуда со која ја прифатил неговата тужба и ги поништил решенијата на Владата со кои биле поништени негови одлуки за распоредување на работно место, пренесува Фокус.

Станува збор, како што наведуваат, за одлуки на Владата за поништување од февруари годинава за 88 распоредувања.

„Ова е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со МВР стојат исполнување исклучиво на политички цели. Претходната одлука донесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција и оваа пресуда од Управниот суд се потврда на моите тврдења дека распоредувања во МВР се во согласност со законот. Во таа насока ги охрабрувам вработените во МВР и во иднина да постапуваат согласно законот и да ги почитуваат актите кои се донесени од моја страна“, вели Чулев.



Слични Објави