| |

Утре на автопатот „Струма“ ќе се изврши вештачење поврзано со судски предмет за тешката сообраќајна несреќа со автобусот на Беса транс

Утре вештак назначен од Реонскиот суд во градот Перник, ќе изврши вештачење на патната делница на автопатот „Струма“ каде на 23.11.2021. г. настапи тешката сообраќајна несреќа со авобусот на Беса транс во коjа загинаа повеќе од 45 лица.

Во соопштението до јавноста што го испрати до нашиот медиум адвокатот Николај Димитров, кој ги претставува настрадани и повредени лица од сообраќајната несреќа пишува дека една од основните цели на вештачењето што претстои е да се одговори на следните прашања:

– Какви се вложените градежните продукти при користеното во процесната патна делница, патно маркирање?

– Има ли поставено патно маркирање и неговата состојба во процесната патна делница, како и има ли сигнализација, за растојание од 3 км пред процесното место на судирот?

– Да ли постојат патни знаци Д7а, Д8а – почеток и крај на брзински патишта, и знак Е22, кој содржи поле за брзински пат со ограничување на брзината до 120 км/ч, за растојанието од 3 км пред процесното место на сообраќајната несреќа до делницата на судирот?

– Да ли постојат други неисправности на патната лента и организацијата на сообраќајот, кои да имаат придонес за настапување на инцидентот?

Вештачењето што претстои ќе биде извршено во врска со едно од покренатите парници спроти АГЕНЦИЈА “ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА”, во Бугарија, стои во соопштението.

Од Канцеларијата на адвокатотДимитров додаваат дека тие ги застапуваат правата на настрадани и повредени лица од сообраќајката коишто бараат оштета во вкупен износ од над 750 000 евра пред АГЕНЦИЈА “ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА“ – Бугарија и Национално биро на бугарските автомобилски осигурувачи.

Слични Објави