Утрово евакуирани уште 25 македонски државјани од Кабул

/

Рано утрово, втората група од 25 македонски државјани е префрлена од Кабул со воен авион, потврдија за Телма роднини на евакуираните.

Втората група македонски државјани е евакуирана во Дубаи каде пристигнале околу 7:30 по македонско време. Со нив треба да се сретне македонскиот конзул од Абу Даби.

Во Кабул вчера имаше вкупно 75 македонски државјани разделени во три групи од по 25 луѓе, од кои последната беше сместена во воената база на аеродромот, а првата уште во текот на попладнето беше префрлена во Доха, Катар. Евакуацијата беше отежната поради хаосот на аеродромот во Кабул и покрај обидот на американската војска да обезбеди контрола.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Tретата доза на Фајзер ќе прави повеќе антитела

Следна статија

Милошоски: Ако Заев глуми хуманитарец нека смести 200 Авганистанци во хотел „Вила Парк“ во Струмица

Најново од Вести