ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ЕДНА ГОДИНА И ТОА ВО НАЈДОБАР СЛУЧАЈ

/

Директорот на Европската медицинска агенција Гвидо Раси изјави денеска дека вакцината против коронавирусот нема да биде готова во блиска иднина, а кога тоа ќе се случи, производството нема да биде доволно за да се заштити целото светско население, пренесува Плусинфо.

Раси во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент рече дека вакцината ќе биде направена за една година и тоа во најдобар случај, објави „АП“.

Тој додаде дека, дури и тогаш, нема да има доволно дози за целото население и дека е потребен координиран пристап на европско ниво за да се идентификуваат луѓето кои ќе имаат најголема корист од вакцината.



– Ќе биде неопходно да се има холистички модел за да се создаде првиот прстен на одбраната кај општата популација – рече директорот на „ЕМА“.

Претходна статија

ОД НОЌЕСКА НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА

Следна статија

ДИВА ДЕПОНИЈА ОД ГРАДЕЖЕН ШУТ НА ПОПОВА ШАПКА

Најново од Вести