Вакцинираните и прележаните ќе ја кутнат короната: Германски лекар тврди дека пандемијата ќе заврши на пролет

/

Пандемијата со коронавирусот ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен.

Тој вели дека неговата прогноза се потпира на фактот дека стапката на вакцинација ќе се зголеми, како и дека бројот на излекувани лица со антитела ќе биде многу поголем.

Пролетта во 2022 година ќе биде означен крај на пандемијата со коронавирусот, а тогаш животот повторно ќе се нормализира. Оние кои не се вакцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат заразени со ковид-19 – рече Гасен.

Со неговите предвидувања се согласуваат и други познати научници од Германија.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Бочварски: Не се очекува транспортерите да имаат застои и проблеми, функционираат „зелените“ рути

Следна статија

По еден ден на училиште: Деца од Аеродром и Кисела Вода заразени со коронавирус, класовите во изолација

Најново од Вести