ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ЗА БОКИ 13: ПЕВАЈ ПТИЦО ПЕВАЈ

Иронично но точно,
Иднината на правосудниот систем е во рацете на овој лик.
Ако реши да си олесни и да пропее, ќе ја отвори пандорината кутија.
Ако открие дали Лиле или Катица биле инволвирани и вмешани ќе почне да се одмотува клопчето.
Доколку се потврди нивна вмешаност, тогаш ќе мора да се пронајдат нивните релации со одредени Судии и припадници од УБК, кои се слуги на бившиот режим.

Во една ноќ, има можност да се расчисти со многу припадници на мрачните сили кои 15 години ја цицаат и уништуваат државата…

Иронично но вистинито. Се е во рацете на Боки. Во неговите раце не е само неговата иднина, во неговите раце е иднината на правосудниот систем!
Обвинители, Судии, Инспектори и многу други моќници.

Да се молиме да пропее…, напиша на својот профил поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари Ване Цветанов.