ВАРДАР ДВЕ ИПОЛ ГОДИНИ НЕ ГО ОСВОИЛ ТЕТОВО – МОЖЕ ЛИ ДА ЈА НОКАУТИРА ГРОГИРАНАТА ШКЕНДИЈА?

Две ипол години Тетово е неосвоива тврдина за најдторфејниот макеоднски клуб Вардар, кој денеска како лидер ќе се обиде да стави крај на серијата од шест меча без триумф против својот најголем ривал Шкендија во дербито на последното деветто коло од првиот круг во Првата лига (15 часот, ТВ-пренос).

За многумина тотално неочекувано е во каков амбиент првпат сезонава ќе се судрат двата најдобри фудбалски колективи во земјава. Вардар после тешка сезона, кусок на финансии, казни од ФИФА и УЕФА, оставен на младинци и деца од својот погон да дојде во Тетово со серија од шест победи во низа и прво место. Тетовци, пак, со среден клуб, со пари, засилувања, купен и „миленикот“ на вардарци Хуан Фелипе, а не може да состави крај со крај на фудбалски план. Игра тотално дезориентирано, без идеја, со ужасно слаба реализација и со преголема недисциплина во играта. Затоа и чудни се четирите порази од осум меча во сезоната во која сите очекуваа – лесна прошетка до новата титула.

И после ваков ефект, Вардар пред Шкендија доаѓа во Тетово со девет бода залиха, но и со голема замодоверба, зашто скопските црвено-црни успеаа после 0-2 во ку-дербито да се вратат и да останат непоразени, зашто имаат шест победи во низа, за разлика од разбиените тетовци, кои загубија минатата недела на Чаир и покажаа дела многу работи не се нивото во овој клуб.

Како и да заврши ова дерби, сигурно е дека првенстовот нема да се реши. Но, успех за Вардар би биле огромни 12 бода предност пред главниот ривал и уште поголема мотивација, а продлабочување на кризата кај Шкендија. Реми веројатно повеќе би ги задоволило скопјани, зашто ќе останат на таа разлика, која не е недостижна и поучени се вардарци од лани, кога за четири кола прокоцкаа седум бода во ваква фаза. Ако победи Шкендија, за тетовци тоа би било „шок терапија“ за да се вратат на својот колосек.

Тоа што е сигурно, а двата тима го најавија и пред десетина дена во Купот е дека треба да се очекува нов одличен гол, полн со борба, акции, шанси, голови… На двата тима е да покажат квалитет многу поголем од просечните фудбалски претстави што ги гледаме по домашните фудбалски терени.

Во сенка на дуелот во Тетово се трите останати пресметки, сооглед дека вчера Работнички со автогол на Ненад Мишковски го прослави 82-от роденден со победа за излегување од дното на табелата. Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП и Шкупи ќе играат мало градско дерби во кое исто така се очекува да има интересен фудбал, помеѓу два клуба кои имаат високи цели сезонава, а особено тоа важи за чаирчани мотивирани после големата победа со Ќатип Османи на клупата против првакот Шкендија.

Борец ја пречекува Струга Трим Лум во обид да стигне до победа и да го напушти фенерот, додека Академија Пандев е домаќин на Силекс во обид струмичани да стигнат до прв триумф после пауза од три меча без победа.

ПРВА ЛИГА, 9. КОЛО (15 ЧАСОТ)

СТРУМИЦА: Академија Пандев – Силекс

ТЕТОВО: Шкендија – Вардар



ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Македонија ЃП – Шкупи

ВЕЛЕС: Борец – Струга Трим Лум

ВЧЕРА

Работнички – Ренова 1-0 (0-0)

Мишковски 58 аг.

ТАБЕЛА: Вардар 19, А. Пандев 15, Македонија ЃП 14, Ренова 13, Шкупи 12, Шкендија 10, Работничи 10, Силекс 9, Струга Трим Лум 8, Борец 6.

Извор: Спорт1

Претходна статија

ЃОКОВИЌ НАБРЗИНА ГО СУРЕДИ ПУЈ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ТОКИО

Следна статија

ВАРДАР ПУШТА ДОПОЛНИТЕЛЕН БРОЈ БИЛЕТИ ЗА МЕЧОТ СО КИЛ

Најново од Спорт