ВАРДАР ПУШТА ДОПОЛНИТЕЛЕН БРОЈ БИЛЕТИ ЗА МЕЧОТ СО КИЛ

Поради огромниот интерес, Вардар одлучи да пушти во продажба дополнителен број на билети за дуелот со Кил во рамки на 4.коло од групата А во Лигата на шампиони.

Билетите се за секторот за стоење во салата „Јане Сандански“ и ќе бидат по цена од 150 денари.

View this post on Instagram

Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кил од денеска ќе биде пуштен дополнителен контингент на билети за истиот натпревар. Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети. Истите се за секторот СТОЕЊЕ. Цената на билетите е 150 денари. . . . #rkvardar #hcvardar #ticket #ticketsale #fullhall #sitevosala #ehfclChampions #skopje @scjanesandanski @thwhandball #handball

A post shared by РК Вардар (@rkvardar) on

Гостувањето на германскиот гигант во сабота во Скопје очигледно предизвикува огромен интерес за разлика од пред неколку недели кога во „Јане Сандански“ дојде Порто. Тогаш трибините беа полупразни.  

Извор: Спорт1



Слични Објави